КОЛЕ ЧАШУЛЕ ВО ЏИНЏЕР КОЛАПС: ЗА АСТРА ЗЕНЕКА КРИВИ СЕ ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ, СИТЕ ШТО ГЛАСАЛЕ ЗА СДСМ И ЗАПАДНИТЕ АМБАСАДОРИ

0
2719

Во монологот на медиумскиот пропагандист на ВМРО-ДПМНЕ, Коле Чашуле во емисијата “Седмица” на тв Алфа се случи тотален испад поради премногу акумулирана нервоза и бес кон премиерот Заев, министерот Филипче, гласачите и симпатизерите на СДСМ како и кон западните амбасадори. Повод беше дочекот на 24 илјади вакцини Астра Зенека на скопскиот аеродром и најавата за масовна вакцинација. Коле Чашуле со агресивна хипокризија беснееше со тезата дека вакцините Астра Зенека се опасни и дека западните земји не ги користеле кај нив, па ни ги пратиле нам ем предоцна ем за да бидеме ко нивни заморчиња.

Да потсетиме дека најголем дел од Македонците кои што отидоа на викенд вакцинација во Србија беа вакцинирани токму со Астра Зенека и кај ниту еден не се појавија лоши ефекти. Исто така во западните земји огромен е бројот на луѓе кои што тековно се вакцинираат со истата вакцина која што е направена од стручњаци од Оксфорд.

Очигледно е дека во врвот на ВМРО-ДПМНЕ тонат се’ подлабоко во катаклизмичен груевизам и дека не се подготвени да расчистат со тој нивен погубен, антизападен и антидемократски мајндсет. Затоа праќаат ултиматуми за експертска Влада без Заев исклучиво преку нивните корумпирани мегафони.

Оваа емисија беше реализирана како најава за средбата Заев-Мицкоски во понеделник попладне, на која што треба да се дискутираат и координираат потезите на двете најголеми партии во контекст на пандемијата, здравството, реформските закони и пакетот мерки за економска помош на стопанството.