ПОДОБРА БЕЗБЕДНОСТ И ПОДОБРУВАЊЕ НА КАДРИТЕ, ШИЛЕГОВ: ВЛОЖУВАМЕ ВО ИНФРАСТРУКТУРА И ВО НАЈДОБРА ОПРЕМА ЗА ПОЖАРНИКАРИТЕ

0
568

“Ќе продолжиме да вложуваме во опрема и човечки потенцијал, бидејќи за безбедноста на скопјани и безбедноста на вработените во пожарната се императив ” – порача градоначалникот  на Скопје, Петре Шилегов  кој денеска по повод Денот на пожарникарството, ја посети Станицата на противпожарната бригада во населбата Автокоманда.

“Јас како градоначалник вложувам многу во човечкиот, но и останатиот инфраструктурен потенцијал на противпожарната бригада. Зголемен е бројот за нови 38 пожарникари. Речиси две години во рамки на противпожарната бригада целосно се обновени униформите што целосно ги заштитува пожарникарите  и специјалните обувки” – изјави Шилегов.

Тој најави и дека според последните информации со кои располага, околу 10 јуни треба да пристигне противпожарна скала и дополнителна опрема, која според градоначалникот е најнапредна опрема која противпожарната бригада ја има добиено и општо во историјата на државата.