ДВАЈЦА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ГРАДСКО – ПРИЛЕП КАЈ МОТЕЛОТ „ДРЕНОВО“

0
313

Во сообраќајната несреќа учествувале две патнички возила, „ауди” со прилепски регистарски ознаки и „југо” со кавадаречки регистарски ознаки.

СВР Велес соопшти детали за сообраќајката кај мотелот „Дреново“, што се случи денеска во15 часот на магистралниот пат Градско–Прилеп.

Во несреќата со телесни повреди се здобиле еден возач и сопатничка, констатирани во болницата во Кавадарци.

„Во сообраќајната несреќа учествувале две патнички возила, ‘ауди’ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж. С. (59) од село Секирци – Општина Долнени и ‘југо’ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д. Л. (73) од село Сирково – Општина Росоман“, појасни портпаролката на СВР Велес, Билјана Ѓаковска.

По овластување на јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од ОВР – Кавадарци.