ТОТАЛЕН ХАОС НА МАРАКАНА – МЕЧОТ ПОМЕЃУ БРАЗИЛ И АРГЕНТИНА УТРОВО БЕШЕ ОДЛОЖЕН ПОРАДИ ТЕПАЧКА НА ТРИБИНИТЕ ВО ,,МАРАКАНА” ПОМЕЃУ ПОЛИЦИЈАТА И АРГЕНТИНСКИТЕ НАВИВАЧИ, МЕСИ ЈА ПОВЛЕЧЕ ЕКИПАТА

0
395

Тежок инцидент се случи на трибините на „Маракана“ во Рио пред самиот почеток на натпреварот од јужноамериканските квалификации меѓу Бразил и Аргентина. Имено, откако Бразилците ја исвиркаа аргентинската химна, настана хаос на трибините, каде несфатливо е како едни до други седеа фановите на двете селекции.

Аргентинците реагираа и иницираа инцидент, кој дојде по интервенцијата на полицијата и обезбедување. Полицајлците удираа по непослушните аргентински навивачи, а фудбалерите дојдоа пред трибината да ги смируваат страстите.

Откако забележаа дека инцидентите не запираат, водени од капитенот Меси, „гаучосите“ се повлекоа во соблекувалната.

Натпреварот сепак се одигра, кој заврши со победа на Аргентина со голот на Николас Отаменди во 63-та минута.