Заев за Утрински брифинг : Жалам што опозицијата не се израдува и не излезе да го честита почетокот на преговорите со ЕУ

0
621

Жалам што опозицијата не се израдува и не излезе да го честита почетокот на преговорите со ЕУ, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев во гостувањето во емисијата Утрински брифинг.

Ова е борба што ја воделе сите генерации граѓани, сите политичари, сите влади. Ова е процес кој почна со потпишување на Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ, па потоа продолжи кога добивме кандидтатски статус во 2005 година и сега ја дочекавме одлуката за почеток на преговорите. Искрено, очекував и опозицијата да се израдува и да честита, рече Заев.