МАЈКА И СИН НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА МОЛАТ ЗА ПОМОШ ДА СЕ ВРАТАТ ВО МАКЕДОНИЈА : СЕ ОДНЕСУВАА КАКО ДА СМЕ ЃУБРЕ, НИШТО НЕ НИ Е ПЛАТЕНО

0
1262

Македонци, мајка и син заминати на сезонска работа во Хрватска со апел да им се помогне да се вратат назад во Македонија. Оливера Ѓоргиевска со својот син заминала за Хрватска и почнале со работа уште во јули, во ресторан во Сплит-таа во кујната, а синот како помошник пица мајстор со цел да заработат некој денар. Им биле ветени 700 евра плата, како и пари за прекувремено работење, а досега не добиле ништо. Во договорот склучен со хрватска агенција, требало да заминат во Риека, па потоа смениле Пореч но на крајот, завршиле во ресторан во Сплит.

-Ние сме Хрватска веќе 40 дена, дојдовме преку агенција која нудеше храна, сметување работа. Рекоа и аванс ке дадеме првите две недели но не одбија кога побаравме. Кажаа морало да имаме тековна сметка во Хрватска, отворивме и тековна но и тогаш не ни дадоа. Постојано не лажат, дека за 10 дена најдоцна ќе добием пари, па 15 дена па сега не на 15 август, туку на 16 или 17 август, вели за А1он Ѓоргиевска.

-Бараме спас за назад. Јас работам во кујна во ресторан, а синот е помошник пица најстор, во Сплит. Ништо не е исплатено. Се однесуваат многу лошо, како да сме ѓубре. Живееме во стан шест души фирмата ги плаќа, мал стан. Собата кај што спиеме со синот е кујна, сите тука влегуваат готват додека спиеме, за во купатило мора низ дневна да се помине каде што спијат други. Никаква интима нема. Не можеме да го напуштиме станот, нема каде да одиме, ниту ваму ниту таму. Пари што земавме од Македонија 180 евра, ни се украдени, и 15 евра што имам само во мене, вели Ѓоргиевска.

Таа бара помош од Македонија, барем за да се вратат назад.

-Еднаш во денот јадеме во ресторанот ако ни дадат и тоа е тоа. Стек и помфрит или само помфрит, па и ни префрлаат кога бараме храна дека само бараме јадење. Работиме од 12 до 15 часа на ден.Во договорот пишува 210 часа месечно, но веќе имаме 248 работни часа. Синот доби воспаление на бели дробови, мене ме фаќа несвестица. Не знаеме што како и каде ќе завршиме, апелирам за помош да се помогне да се вратиме само дома. И таму не чека два месеци кирија неплатена, во Скопје, но се е подобро само да се тргнеме од овде. Ова е невидено малтретирање. Не знам за други, имаше тука Македонци заминаа пред да дојдеме, но не знаеме поради која причина, вели Ѓоргиевска.