МУ СЕ ПОТСМЕВАА НА ДУИ ЗА ПАРТИСКАТА ЗЕЛЕНА АГЕНДА, А СЕГА И ФЕЈК ЛЕВИЦА ПРЕМИНА ВО ЗЕЛЕНА ПАРТИЈА: СОВЕТНИЧКАТА ДРАГАНА ВЕЛКОВСКА БАРА И НЕПАРТИСКИ ЛИЦА ЗА КАНДИДАТИ НА ПАРТИСКА ЛИСТА ЗА ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ

0
909

Советничката од Левица во Град Скопје, Драгана Велковска излезе со партиска иницијатива наречена “Зелен хуман град” со цел да глуми граѓански еко активизам пред локалните избори во октомври. Целта на таа камелеонска иницијатива е да се насочи еко активизмот и незадоволството од големите загадувачи на партиското конто на фејк Левица.

Во партиската иницијатива, Левица бара наводно непартиски лица за да ја пополни кандидатската листа за нови советници во град Скопје. Иако иницијатива ја сметаат за инклузивна за квалификувани и способни кандидати, сепак во суштина тоа воопшто не е така.

Особено во очи паѓа тоа што од потенцијалните кандидати се бара да не биле членови на било која партија во последните 5 години, т.е. ниеден граѓански активист или пак незадоволен граѓанин да нема политичка ориентација за да биде подобен за Левица.

Истовремено се бара кандидатот да не е вработен во било која државна или локална институција а притоа да има доволни средства за економска егзистенција. Дали Левица сака да вклучи и социјално ранливи лица или граѓани вработени на минималец во странските фабрики со цел полесно да ги манипулира и да им диктира како да гласаат во Советот на Град Скопје? Исто така на секој избран кандидат ќе му се забрани да има и свој став, туку исклучиво ќе мора да делува во склад со одлуките што ќе ги донесе партиската квази еко иницијатива.

Аплицирањето за кандидат на оваа партиска иницијатива ги исклучува и оние кои што немаат пристап до интернет или пак не знаат да користат компјутерски алатки. И на крај, најсимптоматично е што партиски тим од Левица ќе врши селекција на пријавените “непартиски” кандидати.

Неодамна советничката Драгана Велковска се истакна со релативизацијата на изградбата и реконструкцијата на улици и булевари во време на Петре Шилегов со кич скулптурите и кич барокот во време на Коце Трајановски. Очигледно е дека фејк Левица не прави разлика кои се главни приоритети за населението на главниот град и нема никакви критериуми за одговорно и домаќинско работење на еден градоначалник. Левица се обидува со промашена политичка стратегија да му се спротивстави на СДСМ, а истовремено тивко соработува со ВМРО-ДПМНЕ и со екс режимските структури.