ХРИСТО КОНДОВСКИ РЕДИ ЛИ РЕДИ ПРОЕКТИ НА ТВ ТЕЛМА : ГРАДОТ БИТОЛА ЌЕ ГО УРЕДАМ СООБРАЌАЈНО И ИНФРАСТРУКТУРНО

0
646

Инфраструктурно уредување на градот со цел растеретување на сообраќајот и подигнување на безбедноста на сите учесници во него е еден од нашите главни столбови во програмата, порача кандидатот на СДСМ и коалицијата за градоначалник на Битола, Христо Кондовски на вечерашната дебата на Телевизија Телма.

“ Централното градско јадро е еден од најголемите проблеми на Битола. Ќе го решиме со подземна сообраќајница. Во моментов, плоштадот се користи како паркинг простор, има 60 паркинг места. Со подземното сообраќајно решение и со подземниот паркинг ќе отвориме над 200 паркинг места и слободен проток на сообраќајот. Во шпиц сезона таму има проток на 1600 возила на час, некојпат со застои. Со проектот тие возила ќе одат под земја, нема да има застој, ќе се намали загадувањето, а горе плоштадот ќе биде зелен, хортикултурно уреден”, рече Кондовски.

Тој се осврна и на проектот кој го промовираше утрово во Битола за изградба на седум кружни раскрсници низ Битола, како што рече, прецизно, со точно наведени улици и локации, со проекти. И тој проект, според Кондовски, значително ќе придонесе за безбеден сообраќај низ градот.

“ По решавањето на тие проекти ќе го олесниме животот на битолчани. Решавањето на сообраќајниот транспорт по метод, како и со електрични возила ќе го олесни движењето на битолчани. Велосипедските патеки се еден од нашите клучни проекти. На тој начин ќе ги намалиме гужвите низ Битола и ќе придонесеме за уште позелена Битола. Индустрискиот дел каде што е улица Индустриски пат до Царината ќе претрпи целосна реконструкција, водоводна, канализациона и едно асфалтно решение кое ќе оди до Царината и во тој дел од Битола ќе се случи економски бум особено заради близината од само пет километри до Грција”, рече Кондовски.