МНР НА РУСИЈА: ЌЕ ОДГОВОРИМЕ НА ДИПЛОМАТСКИОТ НЕПРИЈАТЕЛСКИ ЧИН НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

0
841

Руското Министерство за надворешни работи излезе со реакција околу одлуката на Македонија да протера нивен дипломат бидејќи наводно бил инволвиран во недозволени активности во земјата. Во реакцијата се најавуваат контра мерки, но не се прецизира ни какви ни кога.

“На 14 мај беше преземен непријателски чин во однос на руската дипломатија во Северна Македонија. Еден од дипломатите беше прогласен за персона нон грата од страна на локалните власти. Ние силно ги осудуваме ваквите немотивирани активности кои не можат да помогнат, но влијаат на односите меѓу Русија и Северна Македонија. Ќе следат соодветни мерки” – порачаа од руското Министерство за надворешни работи.