БОМБА на Кире Наумов: Буџетот на РМ е пред финансиски колапс, со ова темпо на задолжување долгот ќе стане пет милијарди евра!

0
996

Соопштение на дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов, во врска со денешната аукција на државни хартии од вредност:

На денешната аукција на државни хартии од вредност Министерството за финансии не задолжи со нови 25.3 милиони евра. Министерот Ставрески запиша пет пати поголема сума од долгот што доспева за враќање. За враќање доспеваа само 5 милиони евра по основ на 3 годишна обврзница. Ако се има предвид дека се наоѓаме пред крај на месец, кога скоро сите месечни исплати од буџетот се реализирани, а би требало да бидат изразени приливите во буџетот, тогаш единствен заклучок кој се наметнува е дека во овој момент буџетот на РМ е пред финансиски колапс. Заклучно со февруари месец дефицитот изнесуваше 73 милиони евра или 23.5% од планираниот дефицит за цела 2016 година. Ако се продолжи со оваа динамика, дефицитот до крајот на годината ќе изнесува повеќе од 420 милиони евра. Со тоа јавниот долг ќе се приближи до износот од 5 милијарди евра.

Тактизирањето  на Управниот суд конечно да се изјасни по тужбата поднесена од моја страна за задолжувањата на домашниот пазар, овозможи на товар на идните генерации да се запишат нови 70 милиони евра нето долг од почетокот на годината. Овој долг ќе биде преиспитан од аспект на негово третирање како законски јавен долг на Р.Македонија.