ШЕКЕРИНСКА НАЈАВИ ДЕКА НЕМА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД ВЛАДАТА НА КОВАЧЕВСКИ: ПОРАКАТА ОД НАРОДОТ ДОБИЕНА НА ИЗБОРИТЕ НЕ Е ДОБРО РАЗБРАНА И ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧАМ ОД МИНИСТЕРСКАТА ФУНКЦИЈА

0
1048

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска изјави дека нема да биде дел од новата Влада на новиот мандатар Ковачевски. Таа рече дека пред 8 месеци се повлекла од партиската функција заменик-претседател на СДСМ бидејќи не се согласувала со дел од политиките кои довеле до голем пораз на локалните избори.

“За жал, мојот впечаток е дека тие лекции не ги научивме и дека некои од пораките на јавноста не ги чувме или не ги разбравме и затоа мислам дека единствената чесна и принципиелна одлука е да не учествувам во следната Влада” – рече Шекеринска.
Во изминатите 4,5години, таа ѝ служела на државата и ѝ се оддолжила за голема доверба добиена од граѓаните, со членство во НАТО и најбрза воена интеграција од страна на која било кандидатка членка на Алијансата.

“Тоа беше резултат затоа што работевме чесно, принципиелно и трудољубиво. Така треба да се работи и тогаш резултатите доаѓаат. Меѓутоа, ако не сме принципиелни кон себе, не можеме да бидеме принципиелни ни кон граѓаните” –  рече Шекеринска.