ГОЛЕМА ПРИДОБИВКА ЗА НАШАТА ДИЈАСПОРА ВО ДАНСКА: МНР ПОСТИГНА БИЛАТЕРАЛЕН ДОГОВОР СО ДАНСКА ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ

0
950

“Од денеска нашите возачки дозволи се признати и во Данска. Последните информации кои пристигнаа од нашата амбасада во Копенхаген се дека данските власти врз основа на билатералната соработка, донесоа одлука за признавање на возачките дозволи на Северна Македонија” –  објави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Граѓаните на Северна Македонија кои имаат регулиран постојан престој на територијата на Данска, од 14-ти декември ќе можат да управуваат возило со замена на својата возачка дозвола за соодветна данска возачка дозвола.