КОВАЧЕВСКИ : ВУЧИЌ ЌЕ СЕ ИЗВИНИ АКО НЕКОЈ МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИН СЕ НАВРЕДИЛ ОД ПОРАКА ОД СРПСКАТА ДРЖАВА

0
451

Откако српскиот министер за одбрана изјави дека на Македонија ќе и се удри од глава признавањето на Косово, па реагираше македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи кој побара појаснување на оваа изјава, премиерот Димитар Ковачевски и српскиот претседател Александар Вучиќ од Атина ја смируваат ситуацијата.

-Вечерва разговаравме со српскиот претседател Вучиќ во Атина. Ме увери дека како преставник на српската држава, тој ги смета македонскиот народ и македонската држава за исклучително пријателски и дека доколку некој македонски граѓанин е навреден од било која порака од српската држава, тој лично ќе се извини, напиша Ковачевски на Фејсбук.