ИНАЕТОТ НА НАДЛЕЖНИТЕ ОД ДОМОТ НА КУЛТУРАТА МАРКО ЦЕПЕНКОВ СЕ ГРАНИЧИ ДО ТОТАЛНО ЛУДИЛО, ИМ ЈА ИСКЛУЧИЛЕ СТРУЈАТА НА СТРАНСКИТЕ УМЕТНИЦИ ВО ЦСЛУ?!

0
1456

Инаетот на раководството на Домот на културата „Марко Цепенков“ – Прилеп, со управата на ЦСЛУ –Прилеп, кој трае веќе подолг временски период, деновиве резултираше со исклучување на струјата во Центарот за современа ликовна уметност, и тоа среде работа на уметниците кои допатуваа од странство за да учествуваат во работата на ЦСЛУ –Прилеп.

Dom_na_kultura_CSLU_Prilep

Карлин Форст – скулптор од Сент Луис (С.А.Д)

Со голема возбуда дојдов да учествувам на оваа колонија која има сериозен углед во голем дел од светот, допатував од САД, за да се запознаам со вашата држава, и со вашата култура, и во текот на мојот престој да се посветам на мојата уметност. Но разочарана сум од ваквите непрофесионални постапки, кои ја попречуваат мојата работа,и ја омаловажуваат мојата одлука да придонесам за уметноста во вашиот град, иако моето дело ќе остане тука во ЦСЛУ, како подарок за градот.

Актуелното раководство на Домот на културата, и управителите на ЦСЛУ – Прилеп, веќе подолго време водат судски спор за правото на корисење на галеријата во која од 1994 година е активен Центарот за ликовна култура, своевремено основан од д-р Бошко Бабиќ.

Горан Ристески – претседател на ЦСЛУ

Притисоци од ваков формат имаме години наназад. Директно можеби не, но индиректно претставува пречка, земајќи во предвид дека уметничкото лето е во пол ек. Индикативно е тоа што вакви проблеми со електричната енергија се случуваат „ненадејно“, и тоа само во периодот кога колонијата е активна и во неа престојуваат и работат гости, уметници од светот. Можеби надлежните се најдоа погодени од обемното известување на интернет порталите за смртта на најистакнатиот културен работник, и наш тридецениски раководител на ЦСЛУ  ( што тие  никогаш нема да бидат ), па се сомневаме дека и наредбата за ваквиот чин е директно од директорот на НУЦК „Марко Цепенков“, а за жал ние немаме никаков пристап до главната разводна табла, за да им овозможиме непречена работа на нашите уметници.

За коментар на слученото се обидовме да го побараме и директорот на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, но од неговата институција ни одговорија дека од пред некој ден тој е на одмор.

Прекршувањето на копјата врз трудот на уметниците, како странските, така и домашните, несомнено го руши угледот на Прилеп, и ја прикажува грдата слика на длабоката политичка поделеност во сите свери на општеството, немајќи предвид за штетата која ја предизвикуваат постапките направени во име на суетните интереси.

Постоењето ЦСЛУ посебно се актуелизираше последниве денови, кога почина Диме Јанески, нејзиниот долгогодишен управител, и еден од најистакнатите културни работници во Прилеп.

Извор : 10без10