До СИТЕ оние кои рекоа дека полицијата ништо не работи, сите ВИЕ кои рековте или помисливте дека полицијата е корумпирана, насилна,мафијашки настроена и непрофесионална…

0
2030

Слушнете ме сега!!!

-Знаете ли какво е чувството да одите по мокрите улици, додека на лицето ви паѓа мраз???

-Знаете ли какво е чувството,првиот дожд, првиот снег, првиот мраз…да го почувствувате надвор во глувата ноќ, облечени во униформа за која вашите сопруги мака мачат да ја состават крпејќи ја неколку пати месечно???

-Знаете ли какво е чувството да гледате во човек кој е обесен, убиен или здробен во сообраќајна несреќа…или да гледате во очите на човек кој пред малку извршил убиство???

-Знаете ли какво е чувството кога ќе ве пратат на некоја адреса да известите некои луѓе дека нивниот син загинал во сообраќајка со моторот или колата,па вртите околу…околу…и на крај мора да им кажете, и го гледате таткото во очи…на крај му кажувате…ништо не зборува, а солзите му течат и течат…и косата од црна му се прави бела за 20 минути???

-Знаете ли какво е чувството да гледате во малолетни деца кои некаде премрзнати во снег чекајки да стигнат полицајците и пијаниот татко да го приведат, па истите да влезат дома да се стоплат, и да си ги преврзаат раните кои им ги нанел нивниот пијан татко???

-Знаете ли какво е чувството да зборувате со силувано девојче…и да и вратите надеж дека има и подобро утро, и дека постојат добри луѓе???
-Знаете ли какво е чувството да гледате во насолзените очи на 80 годишна старица која ја претепал нејзиниот син???
-Знаете ли какво е чувството кога стоејки во кордон со колегите,према вас доаѓаат 1000-2000 навивачи, бесни што нивниот ебан клуб изгубил затоа што противникот бил појак???

-Знаете ли какво е чувството кога навечер се враќате дома и мора да ја исперете крвавата униформа, натопена со крв од некој починат или убиен, бидејки мора да се исуши за утрешната смена, зошто немате резервна???
-Знаете ли какво е чувството кога стопирате возило и возачот се наведнува од фиоката да извади документи, а вие очекувате да извади пиштол и да пука во вас???
-Знаете ли какво е чувството кога криминакец ќе ви направи штета приватно, бидејки е бесен затоа што сте постапиле исправно и сте му ставиле лисици за криминалот кој го направил???

-Знаете ли какво е чувството кога децата ќе ви пораснат и треба да се женат или мажат, а вие сваќате дека не сте во можност да им направите најскромна свадба бидејки сте заглавени со неколку кредити???

-Знаете ли какво е чувството кога сето ова наведено го доживувате повторно…и повторно…???

-ЗНАМ ДЕКА НЕ ЗНАЕТЕ…и не БОЛИ тоа…БОЛИ тоа што тие ГОЛЕМИ ЛУЃЕ на кои ВИЕ им се потсмевате…ги ШТИТАТ вашите животи и животите на вашите најмили, и спремни се за нив да го дадат и СВОЈОТ живот!!!

-Ве сакаат и вашите блиски, синови, ќерки,роднини, пријатели…ама никој од нив нема да го даде својот живот за да вие ја имате слободата и сигурноста…а како што гледате, има луѓе кои даваат СЕ, а добиваат толку МАЛКУ….а ВИЕ им се потсмевате!!!
Илјадници бевме ангажирани денеска, и таму кај што не можете да замислите,на небо на земја и под земја… за да ВИЕ имате пријатен и спокоен празничен ден…
ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН…ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!!!

Фејсбук статус на Laste Mitkovski