ПОЖАРОТ КАЈ БЕЉАКОВЦЕ СТИГНА ДО ПРВИТЕ НАПУШТЕНИ КУЌИ

0
381

Центарот за управување со кризи вечерва информираше дека пожарот кој попладнево избувна во атарот на селата Руѓинце и Бељаковце во општина Старо Нагоричане, е дојден до првите куќи на селото Бељаковце кои се одамна напуштени.
-Пожарот во село Бељаковце е сериозен.

Сувата трева и ветерот прават пожарот брзо да се шири. Побаравме помош од сите расположливи пожарникарски сили да се упатат кон ова место. Рано наутро штом се создадат можности ќе полетаат двата полициски и едниот армиски хеликоптер, а веднаш потоа и двата или трите авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.