ЈОВАНОСКИ : ГРАДЕЖНАТА ОФАНЗИВА ВО ПРИЛЕП ПРОДОЛЖУВА НЕПРЕКИНАТО, СЕ ГРАДИ ИНФРАСТРУКТУРА, РЕХАБИЛИТАЦИЈА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА ,,ЦЕЛЕ.МАВРОСКИ” ВО НАСЕЛБАТА ,,ПОДКУЛИ”

0
643

Градежните активности за изградба и реконструкција на патната инфраструктура во општина Прилеп, продолжуваат со несмален интензитет.

Покрај реконструкцијата и рехабилитацијата на повеќе улици во градот, во тек е изградбата на улицата „Целе Мавроски“ во населбата „Подкули“.

И покрај тешкиот терен, работите се движат според планираната динамика. По завршувањето на градежните работи и асфалтирањето на улицата, жителите од овој дел на градот, но и туристите кои ги посетуваат Марковите Кули, ќе добијат современа улица со должина од 350 и широчина од 10 метра, со уредени тротоари, изградена според сите стандарди.

#ОпштинаПрилеп
#ОпштинаЗаГраѓаните

Фејсбук статус на градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.