ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ ПОЛИЦАЈЦИ, ПРИВЕДЕНИ ЧЕТИРИ ЛИЦА ПРЕД СОБРАНИЕ

0
562

Изминатите три часа е блокиран центарот на Скопје, а тензијата се префрли пред Собранието на Македонија, откако демонстрантите почнаа да фрлаат со секакви предмети кон полицијата, но и кон законодавниот дом.

Полицијата подоцна се спротивстави на демонстрантите кои се разбегаа кон порта „Македонија“, а според информациите од медиумите, приведени се четири лица, а има и повредени полицајци.

Тројца полицајци се повредени, а едно полициско возило е оштетено, потврдија за МИА полицајци од терен, во немирите што се случија пред зградата на Собранието.

Од МВР потврдија дека има повредени полицајци, но не се знае точната бројка, а четири лица се приведени од демонстрантите.