ЛАЖИ СУШИ КО ГЕРО НА ПЛУСИНФО БЕЗ СРАМ И ПЕРДЕ – ДАНЕЛА СЕ ФАЛИ ДЕКА ИСЧИСТИЛА 120 ДЕПОНИИ НА ТЕРИТОРИЈА НА СКОПЈЕ ЗА САМО 30 ДЕНА, ЈАВНОСТА БАРА ДОКАЗ ЗА ОВА

0
817

СООПШТЕНИЕ
Скопје, 19.11.2021 година

Интензивно чистење на градските депонии

Градот Скопје интензивно продолжува со чистење на дивите депонии кои беа мапирани на повеќе локации низ градот. Денеска целосно беше исчистена дивата депонија во Карпош на улицата Марк Твен.

Градот Скопје веќе исчисти повеќе од 120 диви депонии во првите 30 дена од мандатот на градоначалничката Данела Арсовска. Со чистењето на дивите депонии на подрачјето на Скопје каде вообичаено се согорува отпад, значително ќе се придонесе за намалување на аерозагадувањето, како и ќе се елиминира потенцијална опасност од загадување на подземните води и почвата во градот.

Скопје без диви депонии е еден од главните проекти на кој градската администрација активно работи во соработка со општините и јавните претпријатија под Град Скопје.

Со почит,

Град Скопје