И ПОКРАЈ СИТЕ ОПСТРУКЦИИ НА ВМРОВЦИТЕ ВО СОВЕТОТ, ОПШТИНА ГАЗИ БАБА НА ЧЕЛО СО БОРЧЕ ГЕОРГИЕВСКИ СТАНА ЕДНА ОД ОПШТИНИТЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА НАЈПРИВЛЕЧНА ЗА НОВИ ИНВЕСТИЦИИ

0
1334

Oпштина Гази Баба за две години стана се попривлечна за нови инвестиции. Од денеска започна со работа 27-та бензиска станица на ОКТА АД Скопје во чии рамки се отвора и петтиот ресторан КФЦ Македонија, инвестиција вредна 5 милиони евра, која им овозможува вработување на 70 лица.

Среќен сум што ја одбраа токму Гази Баба за место каде ќе го развиваат дополнително бизнисот и што со оваа инвестиција директно ќе влијаат на развојот на општината.

Досега на територија на општина Гази Баба започнати се инвестиции во вредност од 306 милиони евра, кои отвораат нови 1000 работни места.

Затоа сакам да порачам дека секој инвеститор, без разлика дали е од земјава или од странство, кој ќе има сериозна намера да инвестира во општина Гази Баба е добредојден. Општината со него ќе биде партнер во подготовка на документација, поддршка на терен и се што ќе биде потребно се со цел да останеме општина за пример и магнет за инвестиции.