СДСМ : ШПИЦНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК МИЦКОСКИ ДА КАЖЕ ЗА НЕГОВАТА УЛОГА ВО ТЕНДЕРОТ ОД 136 МИЛИОНИ ЕВРА

0
441

Соопштение за јавност

Шпицниот градоначалник Мицкоски да каже за неговата улога во тендерот од 136 милиони евра

Шпицниот градоначалник Мицкоски цела недела молчи, никако да каже која е неговата улога во тендерот од 136 милиони евра.

Мицкоски со неговата градоаначалничка Арсовска се скара за пари, бизнис интереси и тендер вреден 136 милиони евра.

Надлежни институции веќе го истражуваат случајот, но зошто мочи Мицкоски?

Токму Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја поддржаа кандидатурата на Арсовска, ѝ ги собраа потребните потписи и заедно ја бараа довербата од скопјани.

Заедно и преговараа и за набавка на 100 електрични автобуси во Скопје.

Дали и оваа зделка пропадна заради провизии, пари и бизнис влијанија на Мицкоски и луѓето околу Мицкоски?

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се фатени живи со рацете во мед и молкот нема да ги спаси.