ПОСЛЕ ТЕШКАТА ТРАГЕДИЈА ВО БУГАРИЈА, МВР ВО АКЦИЈА ЗА САНКЦИОНИРАЊЕ НА НЕИСПРАВНИ ВОЗИЛА: ОТКРИЕНИ И КАЗНЕТИ СЕ 63 НЕИСПРАВНИ ВОЗИЛА КОИ ШТО ВРШЕЛЕ ЈАВЕН ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ

0
681

При акциска контрола МВР откри и санкционираше 63 неисправни возила кои што вршеле јавен превоз. Сите неисправни возила исклучени се од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци.

“Министерството за внатрешни работи вчера во период од 8 до 11 часот спроведе акциска контрола за техничката исправност на возила кои што вршат jавен превоз на патници, претежно автобуси и комбиња. При контролата откриени и санкционирани се 63 неисправни возила” – се вели во соопштението од МВР.
Од нив, 31 возило имало неисправен уред за запирање, а 2 возила – неисправен уред за управување.