ПОЛИТИКАТА НЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ВО АРМИЈАТА, ПЕНДАРОВСКИ: ОФИЦЕРИТЕ И ВОЈНИЦИТЕ ТРЕБА ДА Ѝ СЛУЖАТ НА ДРЖАВАТА БЕЗ ОГЛЕД НА НИВНИТЕ ЛИЧНИ И ПОЛИТИЧКИ УБЕДУВАЊА

0
840

“Она што е многу важно и што мора сите заедно да го правиме, секој ден, без исклучок, за време на целиот работен век е да ја држиме политиката што подалеку од армиските редови. Вие морате да и служите на државата, независно од политичките гарнитури на власт и независно од вашите лични и политички убедувања. Затоа што тоа е фундаментот на секоја професионална армија, политиката мора да биде надвор од војската” – изјави врховниот командант и претседател Стево Пендаровски на свечената церемонија за промоција на нови офицери-потпоручници од 21-та класа и заклетва на 25-тата класа на питомци на Воената академија “Генерал Михаило Апостолски”.

Претседателот Пендаровски истакна дека офицерскиот чин значи чест, достоинство и одговорност кон Армијата и кон татковината.

“Од вас очекуваме да внесете нова енергија, нови знаења и вештини во структурите на Армијата и сето она што го научивте во изминатите 4 години да го пренесете во командите и единиците со што ќе придонесете за зацврстување на борбената готовност и моралот на Армијата” – рече Пендаровски.