ШАХ МАТ ОД МИЦОТАКИС ЗА ЕРДОГАН: ЛУТИ НА ЕРДОГАН ЗА КУПУВАЊЕТО РУСКИ РАКЕТИ С-400, САД ЌЕ И ПРОДАДАТ НА ГРЦИЈА НАЈНОВИ СТЕЛТ ф-35 АВИОНИ СО ШТО ТУРЦИЈА ГО ГУБИ ПРИМАТОТ НАД ЕГЕЈСКОТО МОРЕ

0
938

Според грчкото Министерство за одбрана, турските борбени пилоти во минатата година имале дури 48 неовластени прелети над грчка територија. Реториката, исто така, станува сè поагресивна: турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се заканува дека Турција „ќе се соочи со Грција на бојното поле доколку е потребно“.

Иако турските вооружени сили се побројни од грчките, сепак воените експерти сметаат дека евентуалната набавка на авионите Ф-35 од страна на Грција е „менувач на играта“. Експертите сметаат дека тоа може да ѝ обезбеди на Грција воздушна супериорност во Егејското Море.

Пикантен податок: Турција, која првично нарача 100 авиони од овој тип, мораше да се откаже од нив. Американската влада, имено, ја стопираше испораката затоа што Ердоган нарача противвоздушни ракети Ц-400 во Русија. Вашингтон стравува дека ракетите стационирани во Турција би можеле да ѝ овозможат на Русија да ги шпионира предностите и слабостите на авионите Ф-35. Договорите за оружје на Ердоган со Русија не само што ги затегнаа односите меѓу Анкара и Вашингтон, туку посеаја и сомнежи во НАТО за веродостојноста на партнерот-сојузник Турција. Грција се обидува да ја искористи ваквата ситуација. Премиерот Мицотакис ја претставува својата земја како сигурна алтернатива. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја пофали Грција како „веродостоен партнер“ и „столб на стабилноста“ во источниот Медитеран.

Текстот „Грција се вооружува“ е објавен во печатеното издание на германскиот весник „Рајнише пост“