АЛТЕРНАТИВА СЕ ОДДАЛЕЧУВА ОД АЛИЈАНСАТА ЗА АЛБАНЦИТЕ: ПО ДВА ИЗБОРНИ ЦИКЛУСИ, ДОГОВОРОТ ЗА СОРАБОТКА СО СЕЛА Е ПОТРОШЕН

0
713

“Бидејќи веќе поминавме два изборни циклуси во коалиција со Алијансата за Албанците, нашиот договор за соработка всушност е потрошен. Сепак останува отворена можноста оваа соработка да продолжи и на следните избори кога и да се одржат” – рекоа од Алтернатива.

Сепак Алтернатива не ја доживува Алијанса за Албанците како спротивставена страна.

“За нас не е добар начин на комуникација да пресметуваме кој со кого и колку пати се сретнал, бидејќи така ќе станеме непотребни должници” – истакнаа од партијата на Африм Гаши.