ОВА Е ЕПИЛОГОТ ПО ОБИДОТ ЗА УБИСТВО НА ОПОЗИЦИСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ И ЛИДЕРОТ НА СДСМ ЗОРАН ЗАЕВ : Во Ургентен 28 повредени, Села го префрлаат на неврохирургија

0
2054

Вкупно 28 повредени луѓе побарале лекарска помош во Ургентниот центар на скопските хируршки клиники. Шест од нив со потешки повреди се задржани на лекување на КАРИЛ, Клиниката за неврохирургија и Клиниката за пластична хирургија. Меѓу нив има пратеници, обични граѓани, но најголем дел се вработени во МВР. Остантите 22 ца се пуштени на домашно лекување,  информираат од Ургентниот центар.

zijadin-298x300

Лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села е со тешки повреди на лицето и главата и тој денеска ќе биде префрлен на лекување на Клиниката за неврохирургија. Радмила Шеќеринска, потпретседателка на СДСМ и пратеничка доцна синоќа е пуштена дома откако и се санирани и шиени повредите на главата.

18156899_1324503527603436_6300517883712927096_n

Шеќеринска ја нападна постар човек, кој ја удираше и влечеше за косата. Идентитет на напаѓачот се гледа на снимките и фотографиите. Оливер Спасовски кој се здобил со скршеница на нос, повредата му била санирана на Клиниката за уво, нос и грло. Во Собранието повредени се и лидерот на СДСМ Зоран Заев, Дамјан Манчевски, Максим Димитриевски, Љупчо Николовски. На нив им е дадена медицинска помош во Собранието, по што беа евакуирани од таму. Во инцидентите во Собранието се повредени голем дел од пратениците кои лекарска помош побарале во приватните клиники.

МВР информира дека вкупниот број на повредение за време на синоќешниот напад на Собранието е над 100 луѓе. До 23.30 часот во Градската општа болница „8-ми Септември, Градска болница „Св. Климент Охридски’ и Клиничкииот Центар лекарска помош побарале 70 лица, 22 полициски службеници и тројца  пратеници.
Дополнително во Касарната Ѓорче Петров лекарска помош укажана е на уште седум лица. Од утринава во Ургентниот центар има засилено полициско обезбедување.