ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕНОТО ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТ СО ПРАШИНА, ИНСПЕКТОРАТОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА ЈА ЗАДОЛЖИ ЦЕМЕНТАРНИЦАТА УСЈЕ ИТНО ДА ГИ ОТСТРАНИ ТЕХНИЧКИТЕ ПРОБЛЕМИ

0
742

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) во присуство на раководителот на инспекторатот на Град Скопје изврши детална проверка на погоните во цементарницата Усје, за откривање на причините за емисиите на прашина кои се случија во изминатиот ден.

По проверката беше утврдено дека поради технички проблеми, емисиите настанале во постројката за производство на клинкер. Од ДИЖС информираат дека се настанати емисии на прашина кои што содржат варовник и лапорец, суровини за производство на клинкер.

Поради високите температури и атмосферски влијанија со ветер, цементарницата Усје е задолжена секојдневно со вода од цистерни да врши прскање на внатрешната инфраструктура и патот кој што води до ископот на лапорец над с. Усје.