(ВИДЕО) Николов: Собранието, а не Владата да ги контролира финансиите и задолжувањето

0
969

„Ова Собрание треба да ја зајакне фискалната контрола на Владата, а потоа и на другите субјекти. За изминативе 3 години Владата потрошила 312 милиони евра повеќе од она што го донела како фискална стратегија кон која што треба да се придржува. Секој граѓанин за овие 7 години Владата го задолжила со нови илјада евра.

Предлагаме фискалната стратегија да ја носи Собранието на Република Македонија“, рече пратеникот Марјанчо Николов во однос на предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за буџетите, на 85-тата седница на Собранието на Република Македонија.