ГАЗДИТЕ НА МАНЧЕСТЕР СИТИ ГО ЗЕДОА МЛАДИОТ ТАЛЕНТ НА ЦРВЕНА ЗВЕЗДА ЈОВАН МИЈАТОВИЌ

0
485

Црвена звезда продаде уште еден екстра талентиран играч од својата академија. Напаѓачот Јован Мијатовиќ наскоро ќе го напушти клубот и ќе стане нов проект на Сити Груп. Двете страни постигнале договор и неговат реализацијата е при крај, а младиот центарфор првично ќе настапува за Њујорк сити во МЛС лигата.

Заминувањето на Мијатовиќ е сигурно, останувасамо клубовите да се договора околу оштетата. Опциите се 8.000.000 евра без проценти и еден милион помалку со 15 или 20 отсто од следниот трансфер.

Мијатовиќ е со тимот на Кипар, но речиси и да не тренира за да не ризикува ништо. Тој чека да се завршат административните работи за да го потпише договорот.

Групацијата Сити, чиј предводник е актуелниот европски шампион од Манчестер, гледа огромен потенцијал во Мијатовиќ и во овој аранжман крајната цел е во иднина да биде адут на Гвардиола во англиската Премиер лига и Лигата на шампионите.

Мијатовиќ ќе игра во Њујорк сити бидејќи до јуни нема право да биде лиценциран за трет клуб во Европа, бидејќи во есенскиот дел од сезоната играше за Црвена Звезда и нејзината филијала Графичар.

Црвена звезда претходно го продаде 18-годишниот десен бек Коста Недељковиќ во Астон Вила. Тој до крајот на сезоната ќе игра како позајмен во Црвена звезда, која од трансферот заработи 9.000.000 евра.