КИНЕСКИТЕ ВАКЦИНИ СИНОФАРМ И СИНОВАК СО 110 МИЛИОНИ ДОЗИ ВЛЕГУВААТ ВО КОВАКС МЕХАНИЗМОТ

0
1023

Ковакс системот ќе добие 110 милиони дози против коронавирусот од кинеските производители Синовак и Синофарм за полесно справување со недостигот поради новиот бран на пандемијата.

“Договорот со кинеските фармацевтски групи вклучува и опции за набавка на дополнителни дози во наредните месеци. Благодарение на овој договор, дури и откако овие вакцини веќе добија итно одобрување од СЗО, можеме веднаш да започнеме со испорака во земјите” – рече Сет Беркли, раководител на ГАВИ.

Ковакс системот кој требаше да гарантира еднаков пристап до вакцините, досега дистрибуираше повеќе од 102 милиони дози вакцини во 135 земји.

Околу 170 милиони дози на Синофарм може да се обезбедат до крајот на првата половина на 2021 година. Од Синовак се планира да се купат 380 милиони дози до крајот на јуни 2022 година.