СДСМ: Организатори на инцидентот во затворот се Мицкоски и Груевски

0
1180

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, вечерва изјави дека организатори на инцидентот во истражниот затвор се поранешниот и сегашнит претседател на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски и Христијан Мицкоски.

Однесувањето на Мицкоски пред болницата тоа го потврдува. Целта им е да го тргнат вниманието на јавноста од истрагата и нивната улога во настаните од 27 април, како организатори на насилниот упад во собранието.

Докторите потврдија дека Миле Јанакиески нема никакви повреди, рече Костадинов.

Тој кажа дека истражните органи треба целосно да го расветлат инцидентот во затворот, а насилниците соодветно да одговараат.