ДА НЕ СЕ ПАЛАТ НИВИТЕ ВО РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ, СПАСОВСКИ: ЌЕ ГО ЗГОЛЕМИМЕ БРОЈОТ И НА ПРОТИВПОЖАРНИ ВОЗИЛА НО СЕКОЈ ОД НАС ТРЕБА ДА СЕ ОДНЕСУВА ОДГОВОРНО

0
648

“Имаме летен период во кој на вака високи температури многу лесно може да дојде до опожарувања, коишто можат да завршат фатално. Затоа апелирам до секој еден граѓанин, посебно во руралните средини, да се однесуваме одговорно, бидејќи одговорното однесување значи внимавање да не дојде до опожарување и на поседите што ги имаме. Сега е период на жетва по кој луѓето честопати ги палат остатоците по нивите и тоа може да предизвика сериозни последици, а не помалку штетно е и палењето во шума” – изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Спасовски рече и дека веројатно има потреба од зголемување на бројот на противпожарни возила во иднина.

“Тоа е нешто што ќе придонесе да се подобрува овој сегмент. Ако го споредиме бројот на лица кои беа вработени како пожарникари во 2017 година и сега, тој број е зголемен повеќекратно во рамки на противпожарните бригади. Тоа покажува дека се зголемува капацитетот, пред сè човечкиот потенцијал кој е важен” – рече Спасовски.