НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИ ЌЕ ОДИ ВО РЕДОВНА СОБРАНИСКА ПРОЦЕДУРА, БОЧВАРСКИ: СО ОГРАНИЧУВАЊАТА ВО ЗАКОНОТ САКАМЕ ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ НА РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ И НА ЛИЦАТА СО НИСКИ ПРИХОДИ

0
852

“Законот за бесправно изградени објекти е во драфт верзија, веќе се комплетира и деновиве ќе биде доставен до Владата на усвојување, по што ќе оди по редовна постапка. Направивме сериозни дополнувања и подобрувања на квалитетот на законот после опсежни консултации кои ги имавме и со Асоцијација на архитекти и со Комора на овластени инженери и архитекти и со дел од политичките партии кои што дадоа свои сугестии” – изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Легализацијата во заштитени зони и подрачја сега ќе биде исклучена во однос на претходниот закон кој што доби вето од претседателот Пендаровски. Законот е суштински потребен за ранливите категории на граѓани и за граѓани на кои им е потребен покрив над глава.

“Аспектот на проширување на границата е за оние категории на граѓани кои имаат ниски примања за да не плаќаат давачки кон општините, исто така за комунален надоместок ќе се прошири, ќе се опфати не само за социјално ранливите категории на граѓани туку и со луѓето со ниски примања и секако ќе има прогресивно плаќање на комунален надоместок, согласно големината на објектот, поради тоа што овој закон е суштински потребен” – рече министерот Бочварски.