САД И РУСИЈА РАЗМЕНИЈА ЗАТВОРЕНИЦИ:КОШАРКАРКАТА ГРЕЈНЕР ЗА КРАЛОТ НА ОРУЖЈЕТО ВИКТОР БУТ

0
1289
Американската кошаркарка Бритни Грајнер е ослободена од руски затвор, откако Американците за возврат го ослободија осудениот трговец со оружје Виктор Боут.

Грајнер сега се наоѓа под американска ингеренција, соопштија американски власти, додавајќи дека кошаркарката е добро расположена.Боут, кој е познат како „Трговецот со смрт“, е поранешен советски воен офицер осуден на 25 години затвор во САД за учество во заговор за убивање Американци, набавка и извоз на противвоздушно оружје и пружање материјална поддршка на терористичка организација.

Москва пресудата на Боут во 2012 ја нарече „неоснована и пристрасна“, а Боут цело време тврди дека е невин.Во ноември Грајнер почна да служи деветгодишна казна за поседување масло од канабис.Спортистката беше уапсена во февруари кога цариници во нејзиниот багаж на московскиот аеродром Шереметјево најдоа шишенца со масло од канабис.