ЌЕ СЕ РАСЧИСТУВА КИЧЕРАЈОТ ОД СКОПЈЕ 2014, ШИЛЕГОВ: УТРЕ ПРОДОЛЖУВАМЕ СО ОТСТРАНУВАЊЕТО НА ГАЛИЈАТА ВО ВАРДАР

0
697

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска информираше дека утре се очекува да продолжи отстранувањето на галијата во Вардар кај Холидеј Ин. Уривањето на галијата во Вардар пред месец и половина беше стопирано поради времена мерка од судот по тужба на сопственикот.

Бродовите во Вардар се дел од проектот Скопје 2014 на корумпираната Влада на Никола Груевски, за кој се потрошија 700 милиони евра за да се измени ликот на центарот на Скопје. Кога градоначалник на Општина Центар беше Владимир Тодоровиќ – Тинекс, во коритото беа вцртани маркички за 6 сплавови, 4 од десната страна и два од левата страна на Вардар.