АКТЕРКАТА СИЛВИЈА СТОЈАНОВСКА ОСУДЕНА НА ТРИ И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА УЧЕСТВО ВО ТРАНСПОРТ НА КОКАИН ОД КОЛУМБИЈА ВО ШПАНИЈА

0
884
Актерката Силвија Стојановска е осудена на три и пол години затвор, а Воислав Будисавјевиќ на 7 години затвор. Обвинението ги товареше за транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. Будисавјевиќ останува во притвор, додека Стојановска останува на слобода до правосилна пресуда, со определени мерки на претпазливост. Неа претходно и’ беше укинат куќниот притвор.

“Во текот на истрагата обвинителството утврди дека во периодот од јули 2019 година до 18.12.2019 година, обвинетите заедно со тројцата обвинети во Кралството Шпанија, од кои едниот е македонски државјанин, брат на првообвинетиот, како и повеќе лица, зеле учество во неовластено купување, пренесување и продавање кокаин во вкупна количина од 698,758 кг. Обвинетите подготвувале и организирале неовластено купување, превезување и сместување на кокаинот од Колумбија до Мадрид, Кралството Шпанија и барале купувачи за неа”, информираше Обвинителството.