ЌЕ НАЈДЕМЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА, БЛИСКУ СМЕ, ЗАЕВ: ПРЕГОВАРАМЕ СО ДОБРА ВОЛЈА БИДЕЈЌИ ЗА НАС НЕМА АЛТЕРНАТИВА ЗА ЕУ

0
592

“Нема ниту план Б, ниту алтернатива за ЕУ, самото пристапување кон ЕУ значи европеизација на Северна Македонија. Не сакаме да бидеме членка само заради членството во ЕУ, ние сакаме да бидеме членка за европеизацијата на земјата која ќе се случува низ отворањата и затворањата на поглавјата и да ја донесеме Европа во Северна Македонија” – рече премиерот Зоран Заев во интервју за МИА.

Премиерот Заев нагласи дека посакува на 22-ри јуни да нема вето од Софија, но и ако не се постигне конечно решение, барем да ги заокружиме дискусиите и да чекаме политичка влада во Бугарија.

“На 11-ти јули имаат избори, после тоа се формира Влада, политичка Влада која што навистина ќе продолжи и ќе најде решенија. Тоа можеме да го направиме и во септември, октомври, декември оваа година, важно е граѓаните да ја знаат реалноста, затоа што навистина не сме далеку. Јас често кажувам дека е смешен, но проблем е што нема парламент и нема политичка Влада и е проблем за носење одлуки” – рече премиерот Заев.

Тој нагласува дека во рамките на тие напори до крајот на оваа недела ќе ја посети Софија.

“Ако не постигнеме решение, да направиме исчекор со којшто со политичката влада ќе се најде решение. До крајот на оваа недела ќе бидам во официјална посета на Софија каде со претседателот Радев, со премиерот Стефан Јанев и нивните министри ќе седнеме и ќе ги разглобиме до крај сите детали” – рече премиерот.

“Северна Македонија е целосно на линија на развиените демократии, не се споредувам тука со земјите од Западен Балкан, туку со соработката што ја има Америка со Кина, Германија, Франција итн. Кај нас за разлика од нашите соседи на Западен Балкан, нема договори во четири очи. Кај нас компетитивноста и европското законодавство се императив. Може кинеска фирма да работи ако победи на тендер, во четири очи нема. Мора да има компетитивност” – нагласи премиерот.