БОМБА НА ГЕРОСКИ : ГРЧКА ГРУПАЦИЈА САКА ДА ЈА ЛАПНЕ ЖАН МИТРЕВ КЛИНИК ЗА ЏАБАЛАК?!

0
853

Во колумна на Плусинфо, новинарот Бранко Геровски најавува судски линч против Жан Митрев со цел некој да му ја купи болницата за џабалак:

Ќе го илустрирам тоа со примерот на едно судење коешто се очекува „со душа и срце“ од македонските „истражувачки новинари“. Тоа е судењето против Жан Митрев. Адвокатите на Митрев веќе се жалат – со право, се разбира – дека се кршат и процедурите и правото на одбрана на обвинетиот. А судењето уште не почнало…

„Истражувачките новинари“ за тоа не пишуваат ама баш ништо. Тоа се теми за кои не се заинтересирани. Затоа и не очекувам тие да откријат зошто овој процес се турка вака и зошто Жан Митрев веќе е однапред осуден човек. Но, можеби правните експерти на Американската амбасада би можеле да се заинтересираат за тоа и да дознаат дека и во позадината на овој случај има трговија со влијание.

А јас и за тоа веќе нема да зборувам со езоповски јазик. Напротив, ќе ја посоветувам амбасадорката Агелер да се заинтересира за намерите на Helenic Health Group за купување удели во „Жан Митрев“ и за тоа кои би биле можните посредници во оваа зделка. А јавно го советувам и доктор Митрев да не си ги крие “адутите” како онакво под кошула, за да не заврши и тој како Боки 13.