ТАРАВАРИ ЈА СМИРИ ЈАВНОСТА: Двајцата починати се заразиле со Хантан вирусот кој, за среќа, не се пренесува од човек на човек, ситуацијата е под контрола!

0
1242

Проверки се направени во лабараториите во Косово и Тирана е сега сме сигурни ич таквото да не ве боли нек умира народ слободно…

Испитувањата од две лаборатории каде што се направени анализите на серумот и крвта на пациентите потврдиле етиолошки агенс – Хантан вирус, изјави попладнево министерот за здравство Арбен Таравари.

Се работи за вирус кој е најчест причинител на акутни хеморагични трески со бубрежен синдром во овој регион, кој не се пренесува од човек на човек.

Таравари, кој ја извести јавноста преку видеобраќање од САД каде е во работна посета, нагласи дека се работи за подобрата варијанта на хантан вирусот  кој, за среќа, не се пренесува  од човек на човек, туку  се пренесува само од глодари. Двајцата починати татко и син од гостиварското село Симница најверојатно го презеле вирусот преку храна движејќи се на терен каде имало глодари.

– Овој вирус спаѓа во групата на хеморагични трески. Меѓутоа е најдобрата, најлесната варијатна бидејќи нема трансмисивност од еден на друг човек. Состојбата е под комплетна контрола, истакна Таравари, нагласувајќи дека Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести постојано ја следат состојбата и ги преземаат сите неопходни мерки.

Рече дека е направена комплетна дезинсекција, дератизација, дезинфекција  на тернот каде што се движеле двајцата починати пациенти, а доктори од Клиниката за инфективни болести биле во Одделот за инфективни  болести во Гостивар и им дале инструкции на лекарите и медицинскиот персонал.

Министерот за здравство демантираше дека има уште едно починато лице. – Комплетно се шпекулации  дека има уште еден починат од  ваква боелст. Не е вистина. Значи, седумте пациенти коишто се хоспитализирани  од Гостивар, кои  биле во контакт  со веќе починатите, се во добра состојба, без никаков ризик по нивниот живот, рече Таравари.

Соопшти и дека од почетокот на годинава до сега во Клиниката за инфективни боелсти имало и други четири пациенти кои биле инфицирани со  овој вирус. Тие немале никакви  последици, излекувани се и  се во добра и стабилна  состојба.