ВМРОВСКИОТ ПРОТЕСТ НА АНТИВАКСЕРИТЕ ВО НЕДЕЛА ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ НАРОД: ПОД БУДНОТО ОКО НА ФИЛИПЧЕ, ДОСЕГА СЕ ДАДЕНИ НАД МИЛИОН ДОЗИ ВО ЦЕЛА ДРЖАВА

0
969

“Бројот на аплицирани дози вакцини во земјава надмина милион. Интересот за вакцинација од пред два дена е значително зголемен. На вакциналните пунктови и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 561 912 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8 914 граѓани, а вкупно се вакцинирале 16 020 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1 016 700 дози вакцини, а ревакцинирани се 454 788 граѓани” – се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Со последните бројки, 66% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 64% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 60% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 50% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Со темпото на оваа масовна имунизација и во пресрет на рестрикциите за невакцинираните, во вода паѓа поводот за протестите на антиваксерите кои што се политички изманипулирани од ВМРО-ДПМНЕ за нивната црна кампања против министерот Филипче.