ЕДЕН ДЕЛ ОД ПОЖАРИТЕ СЕ ПОДМЕТНАТИ, А ДРУГ ДЕЛ СЕ ПРЕДИЗВИКАНИ ОД НЕВНИМАНИЕ, СПАСОВСКИ: МВР ВЕЌЕ ПРИВЕДЕ 17 ОСОМНИЧЕНИ ЛИЦА И НАСКОРО ЌЕ БИДАТ ПОДНЕСЕНИ СООДВЕТНИ ОБВИНЕНИЈА

0
377

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски објави дека еден дел од пожарите се подметнати а други се предизвикани од невнимание на одредени луѓе. Сега ќе следи лоцирањето на сечија одговорност за последиците од пожарите.

“Досега МВР има приведено 17 лица, повикани во полициска станица се 16 лица, имаме поднесено 3 кривични пријави и 2 прекршочни. Се’ уште се работи на добар дел од овие случаи и штом ќе заврши со целата постапка, ќе се поднесат соодветни поднесоци” – објави министерот Спасовски.

Постапките се координирани со јавен обвинител и потоа ќе се одреди точна квалификација на секое кривично дело.