ДОБРА ВЕСТ ВО ЕКОТ НА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА: ГОРИВАТА ПОЕВТИНУВААТ ЗА 3,5 ДЕНАРИ ЗА ЛИТАР

0
1097

За 3,5 денари се намалуваат горивата, а за 3 денари екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска РКЕ.

Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 71 денар/литар, Еуросупер БС-98 за 73 денари/литар, а дизелот за 63 денари/литар. Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 62,5 денари/литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 3 денари/килограм и сега ќе изнесува 38,527 денари/килограм.