СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ СО ПОФАЛНИ ЗБОРОВИ ЗА НОВИОТ ШЕФ НА ОРГАНИЗИРАН

0
395

Советот на јавни обвинители денеска го именува Ислам Абази за шеф на Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, откако минатата недела, преку избори, беше изгласан на новата функција.

Дури по изборот на Абази јавноста имаше можност да ја слушне биографијата на новиот шеф, одноно дека има 42-години и дека имал 15-годишно искуство. Од членовите на Советот пак доби само пофални зборови, односно дека се покажал како одличен менаџер во Вишото обвинителство во Гостивар.

Љубомир Јолевски, со уште неколку члена на Советот, Иџет Мемети, Арбер Исаку и Коле Штерјев, ја посочија досегашната работа на Абази како шеф на Вишото јавно обвинителство Гостивар, во чиј мандат во правата година биле преполовени, а потоа и целосно расчистени сите застарени предмети, што, како што посочија, е добар показател за неговите менаџерски и стручни капацитети.