ВЛАДАТА ПРЕЗЕМА МЕРКИ ЗА КОНТРОЛА НА КРИЗАТА: БЕКТЕШИ НАЈАВИ ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ И НА ДРУГИ ПРОИЗВОДИ И ЗГОЛЕМЕНО ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

0
612

“Листата на производи чии цени се замрзнати е објавена, а утре на владина седница ќе ги разгледаме податоците од Заводот за статистика во делот на движење на цените во трговијата на мало и трговијата на големо за месец ноември. Ако има зголемување на цените, ние уште утре ќе донесеме одлука за проширување на одлуката со дополнителни производи, а тоа би биле ориз и јајца” – изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

Одлуките важат за цените на производите кои биле формирани од трговците до први декември.
“Цените од 1 декември ќе важат до 31 јануари 2022 година. Цените не може да се зголемат туку само да се намалат и затоа ние правиме напори да го зголемиме производството на електрична енергија, да нема ценовни шокови со електричната енергија и трошоците на претпријатијата да бидат помали” – рече Бектеши.