ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ НА СРЕДБА ГИ ИНФОРМИРА ДРУГИТЕ КОАЛИЦИОНИ ПАРТНЕРИ ЗА ДОГОВОРОТ СО АЛТЕРНАТИВА ЗА ПРИКЛУЧУВАЊЕ ВО ВЛАДИНОТО МНОЗИНСТВО: СО ДОГОВОРОТ СО АЛТЕРНАТИВА, ДРЖАВАТА ИЗЛЕГУВА ОД ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА

0
694

Премиерот Зоран Заев вечерва на заедничка средба ги информира партиите од владината коалиција за договорот за влегување на Алтернатива во Владата.

Средбата со политичките партии од владината коалиција се одржува во Владата од 18 часот. По средбата само ќе има владино соопштение.
Обезбедено е пошироко парламентарно мнозинство од 64 пратеници и Влада во која Алтернатива ќе има 3 министри и 3 заменици-министри. Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши вчера потпиша програма за заедничко дејствување и приклучување во Владата со претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев.
Партиската функција ќе ја напушти по Конгресот на партијата на 12-ти декември откако ќе биде избран нов лидер на СДСМ, а премиерската функција неколку недели подоцна.

По договорот, Заев и Гаши објавија дека државата излегува од политичката криза, обезбедено е стабилно парламентарно мнозинство и нема потреба од предвремени парламентарни избори, туку редовни во 2024 година.

Парламентот со мнозинство пратеници ќе обезбеди стабилност за носење важни закони, решенија за енергетската и пандемиската криза, како и за гласање на буџетот за 2022 година.