СДСМ: 500.000 наши граѓани живеат под прагот на сиромаштија!

0
752

„Македонија стана една од најсиромашните земја во регонот и Европа со рекордно висока сиромаштија. Над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија.

Промашените економски политики на Никола Груевски го полнеа џебот и сметките на фамилијата на власт со украдените пари на осиромашените граѓани. Над 5 милијарди долари, украдени пари на граѓаните на Р.Македонија од буџетот се изнесени по сметки во рајски земји!

Тоа придонесе кон забрзано осиромашување на населението, а богатење на една мала група на луѓе од врвот на власта.

Според Светска банка над 180.000 граѓани живеат со по 40 денари на ден.

Овие наши граѓани едвај преживуваат неможејќи на своите деца да им обезбедат храна и нормални услови за живот.

Затоа на 11 декември граѓаните имаат избор или сиромаштија или достоинствен живот.

Најпрво ќе им помогнеме на најзагрозените. Уште во првите 100 дена трајно ќе го решиме проблемот на стечајните работници,

Ќе воведеме фер и праведни даноци за сиромашните да плаќаат помалку.

Ќе воведеме и програма за минимален адекватен приход за граѓаните кои живеат во сиромаштија. Секое четиричлено кое не остварува никаков приход ќе добие 12.000 денари месечно, а семејствата што остваруваат приход под 12.000 денари ќе ја добијат разликата до 12.000 денари.

За достоинствен живот граѓаните имаат избор на 11 декември, 4 за Живот“, се вели во соопштението на СДСМ.