БОМБА НА ПОРТАЛОТ АКО : Широка коалиција меѓу СДСМ и партиите на Албанците и нови избори во септември

0
3439

Партиите на Албанците во Македонија, по божикните празници, ќе започнат преговори со СДСМ за составување на новата Влада. Наши извори од ДУИ, наведуваат дека е се поизвесно, најверојатно сите, освен двата партеника на ДПА, да влезат во широка коалиција со СДСМ , еден вид техничка Влада, со што ќе се направи парламентарно мнозинство и услови  Претседателот на државата на Зоран Заев да му го додели мандатот за состав на нова Влада. Претходно, во понеделник, според неофицијални извори, Ѓорѓе Иванов првин ќе му додели мандат на Никола Груевски, но по истекот на законскиот рок, тој ќе мора да го врати, бидејќи извесно е дека ниту еден политички претставник на Албанците нема да сака да коалицира со него.

Според наши извори, платформата за преговори со СДСМ веќе е договорена и таа ќе биде ставена на маса идната недела. Високи партиски функционери од ДУИ велат дека одлуката е веќе донесена, бидејќи процениле дека евентуалното коалицирање со ВМРО ДПМНЕ ќе им донесе голема штета на сите партии од политичкиот блок на Албанците. Тука се земени предвид ставот на меѓународната заедница, случаите што ги отвори СЈО, но и расположението на гласачкото тело, кое јасно ставило до знаење дека за нив Груевски е минато. Тие, велат нашите извори, не можат да им го простат на функционерите на ВМРО ДПМНЕ однесувањето кон нив, навредите што ги слушнале во прислушуваните телефонски разговори, како и случувањата во Дива Населба во Куманово.

Сепак, за политичките партии на Албанците, периодот што следува треба да биде подготовка за нови избори во септември, бидејќи ваква коалиција веројатно не може да биде одржлива на подолг рок.

Од друга страна, признаваат дека големо влијание за нивните одлуки  има и  зголемениот дипломатски притисок во разговорите со меѓународните претставници во земјата.

За потсетување, пред Нова година претставници на сите парламентарни партии на Албанците освен на ДПА, во Тирана имаа средба со албанскиот премиер Еди Рама, каде се разговарало за заеднички настап и платформа во преговорите за состав на нова Влада.