ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ОТСТРАНИ 10 617 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ ВО ТЕКОТ НА 2023 ГОДИНА

0
167
Во текот на 2023-та година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје
подигнаа и транспортираа вкупно 159 196 тони комунален отпад од
скопските домаќинства во урбаниот и во руралниот дел на градот, при што
се направени вкупно 26 139 тури.
Во согласност со Оперативниот план за одржување на јавната чистота на
подрачјето на Градот Скопје и Оперативната програма за собирање и
транспортирање на комуналниот отпад од подрачјето на градот Скопје,
собирањето и транспортот на комуналниот отпад од речиси 5000 надземни,
подземни и полуподземни контејнери се реализираше седум пати во
неделата, во три смени, додека приближно 85 000 канти наменети за
одлагање на комуналниот отпад од индивидуалните домаќинства се празнеа
два пати во неделата, според однапред утврден распоред по блокови.
Во текот на минатата година, ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани вкупно
  10 617 кубни метри отпад од голем број диви депонии лоцирани на
целокупната територија на градот Скопје.
Екипите на Претпријатието континуирано ја одржуваа и хигиената на близу
шест милиони квадратни метри јавни и сообраќајни површини што се во
надлежност на Градот Скопје, преку секојдневно рачно и машинско метење и
миење. Се спроведуваше машинско миење со автоцистерни на сите булевари и
поголеми улици во градот, како и рачно миење, машинско и рачно метење на
најфреквентните јавни површини – улицата Македонија, централниот плоштад
Македонија и помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица,
Камениот мост, мостовите „Гоце Делчев“ и „Слобода“, пешачките мостови во
централното градско подрачје, како и Старата скопска чаршија.

ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше еко-предавања, акции и
работилници во триесет основни и средни училишта во сите скопски
општини, како и во петнаесет предучилишни установи, со цел-подигнување
на свеста кај младите за правилното постапување со отпадот и значењето
на примарната селекција.