БУГАРСКОТО МНР СЕ РАЗОЧАРА ОД МАКЕДОНСКАТА РЕЗОЛУЦИЈА: НЕМАШЕ ПОТРЕБА ОД ТАКОВ ПОТЕГ ОД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА КОГА ВЕЌЕ ВЛЕГОВМЕ ВО ПОЗИТИВНА ФАЗА ЗА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОТ

0
1060

Министерството за надворешни работи на Бугарија изрази разочараност од Резолуцијата на Собранието на Северна Македонија со која беа потврдени црвените линии за преговорите со Софија. Бугарското МНР со жалење констатираше дека овој чин дошол во време кога билатералниот дијалог меѓу Софија и Скопје влегол во позитивна како резултат на многу напори.

Бугарија очекува да биде објавена резолуцијата и внимателно да ја анализира нејзината содржина. Бугарија предупредува дека би било целосно неприфатливо да се оправдува непочитување на овој договорот за пријателство.

Во македонската резолуција се инсистира преговорите да се водат на еднаква и принципиелна основа, со задолжително почитување на меѓународното право, без никакви услови од двете страни и со почитување на достоинството на македонскиот народ. Се акцентира автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен и верски континуитет, постоењето на македонскиот јазик со неговите дијалекти и територијален и временски континуитет, како и македонскиот идентитет, кој својот легитимитет го црпи од вековните традиции, обичаите, колективната меморија, менталитет, јазик, артикулирана свест за етнокултурната уникатност, колективен континуитет, почитување на традиционалните верски институции и наративот за припадност на одредена географска и историска територија.