(ВИДЕО) Бочварски: Со Николов, Штип продолжува по патот на развојот и напредокот

0
708

Изјава за медиуми, Благој Бочварски, член на ИО на СДСМ

Добро вечер почитувани мои сограѓани, почитуван претседател на Социјалдемократскиот Сојуз и претседател на Владата, Зоран Заев, почитуван генерален секретар, почитуван градоначалник Сашко Николов, шеф на штабот и сите останати наши другари.

Почитувани медиуми,

Пред три години од овој плоштад, од ова место ја прославивме слободата на Штип. Денеска сум исто толку среќен заради тоа што општината ја даваме на вистинскиот човек, повторно на наш другар од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, од нашата опција. Човек кој ќе се бори и ќе се грижи за нашиот град, за секој проблем, за секој од нас. Но нема да биде сам, овде сме сите ние.+
Јас ве уверувам и ве убедувам заради тоа што денеска деструкцијата ја победивме и тоа силно ја победивме. Ги поразивме така како што заслужуваат и заради тоа од утре продолжуваме заедно да работиме како што го започнавме тоа пред неколку години и еве денеска заедно го гледам овде и веде градоначалникот, Јане Миланов  кој што сакам да го поздравам.

Направивме досега проекти кои што 50 години некој ги зборуваа, а денеска веќе се реалност и тие продолжуваат да се градат и да се работаат заедно со Сашко Николов.

Можам само да ве уверам дека Сашко ќе работи за сите вас. Можам да ве уверам исто така дека оваа Влада предводена од претседателот Зоран Заев ќе работи заедно со општина Штип, за сите вас ќе ја дава целата поддршка заради тоа што знам колку може да помогне еден градоначалник на своите сограѓани. Знам колку може Владата ако е наклонета и ако дава поддршка за општините, да направи заедно со општината за сите сограѓани.
Затоа од утре продолжуваме со работа. Ве уверувам, Штип продолжува да оди напред по вистинскиот пат и на наредните Локални избори сигурно победуваме со огромна разлика!
Ви благодарам, нека е со среќа!